Филмот „Џокер: Лудило за двајца“ на режисерот Тод Филипс, успеа да се добие 7 номинации за непопуларната филмска награда „Златна малина“ .
Актерот Хоакин Феникс кој ја игра главната улога е номиниран за најлош актер. Тој за првиот дел на филмот „Џокер“ на „Оскарите“ беше номиниран и ја освои престижната филмска награда за најдобар главен актер во истоимениот филм.
Пеачката Лејди Гага која ја толкува главната женска улога во филмот и истовремено е и партнерка на актерот Хоакин Феникс исто така е номинирана за најлоша актерка.
,,Златна малина“ се доделува ден пред доделување на „Oскарите“ и е категорија во која се избира најлош филм, актер, сценарио и сл. Оваа година дата на која ќе се доделува наградата ,Златна Малина“ е 1ви март.
Сепак покрај сево ова вториот дел на филмот Џокер преку својата гледаност заработи над 200 милиони долари.