Филмот „Anora“ освои пет Оскари, а Шон Бејкер доби четири златни статуетки, за филм, режија, сценарио и монтажа, што е апсолутен рекорд за една особа да победи за ист филм. Главната актерка Мајки Медисон доби Оскар за најдобра женска улога во овој филм.
„Brutalist“, освои три награди, меѓу кои и Адриан Броди за најдобар актер, додека „Wicked“ и „Dune Part 2“ освоија по два Оскари.
Филмот „Емилија Перез“, пак, кој беше најголем фаворит и кој го собори рекордот за најмногу номинации за Оскар и тоа за филм од неанглиско подрачје, добивајќи 13 номинации, освои само два Оскари. Со статуетка за споредна женска улога и песна, тие не можат да се вбројат меѓу победниците на вечерта.
Сепак, најголем губитник на вечерта би била екипата на филмот „A Complete Unknown“, која и покрај 8 номинации не освои ниту една награда.
Во театарот Долби во Холивуд, водител за прв пат беше Конан О’Брајан, кој со себе го донесе својот извртен и поинаков хумор.
Специјалната програма беше трибјут посветен на музиката од серијалот филмови за Џејмс Бонд, како и на починатиот композитор Квинси Џонс.