Филков потпишал барање за екстрадиции за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ

48

Министерот за правда, Игор Филков потпишал барање за екстрадиција на осудените во случајот Монструм – Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Барањата се доставени до косовското Министерство за правда и се чека одговор, изјави министерот на денешната прес конференција.

За нив првпат е побарана екстрадиција во 2013 година, што беше одбиено со пресуда на Основниот суд во Приштина од октомври 2015 година.

Второто барање беше испратено во 2018 година, а во 2021 година е добиено известување од косовското Министерство за правда дека екстрадицијата за Исмаиловиќ се одбива, а за Демири немаше одговор.

На прашањто дали ќе го повтори барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски од Унгарија Филков изјави:

-Министерството за правда со голема внимателност ги следи сите случаии за кои се бара екстрадиција. Последното барање е од 2019 години за сите постапки. Барањето е одбиено од Унгарија со објаснување дека на Груевски му е даден азил и лицето не може да биде екстрадирано во држава од кое е дојдено. Кога ќе се создадат услови за истото, секако дека ќе бараме екстрадиција за сите кои се надвор од државата и за кои е распишана меѓународна потерница.

На прашањето зошто баш сега се бара екстрадиција за двајцата од Косово, и дека неодамна Србија искажа очекување за екстрадиција на поранешниот член на ОВК, Блерим Рамадани, Филков одговори: -Од некаде мораме да почнеме.

Во судскиот процес на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ. Бегалците Демири и Исмаиловиќ со години ја избегнуваат правдата во земјава. Демири и Исмаиловиќ се косовски државјани, но имаат и македонско државјанство.