Филипче: СДСМ на локалните избори ќе прави коалиции во секоја општина посебно

13

СДСМ, на локалните избори во октомври, ќе прави коалиции во секоја општина посебно, најави лидерот на партијата, Венко Филипче. Тоа, како што посочи на денешната прес-конференција во седиштето на партијата, не ја исклучува можноста и да не влезат во коалиција со друга партија, граѓанска организација или независна листа и дека ќе се разговара за опциите.

– Ќе го кажам ставот што сè уште не е потврден, но сите дискусии одат натамум во рамките на раководството, пратеничката група, Централниот и Извршниот одбор, а тоа е дека на овие локални избори СДСМ ќе прави коалиција за секоја општина посебно – изјави Филипче.

Прашан дали тоа значи дека е можна коалиција со ДУИ во одредени општини, Филипче рече „ќе видиме, ќе разговараме за опциите“, а во однос на можноста за коалиција со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, рече дека тоа „е секогаш интересно прашање, кое зависи од многу фактори“ и дека може да се зборува за тоа поконкретно во следните месеци.

– Водиме два паралелни внатрепартиски процеси. Првиот процес што ќе следува е избор на претседател на партијата. Мојот мандат завршува на 21 март и веќе се закажани изборите за 16 март. Паралелно со тоа, новите раководства во општинските организации работат на идентификување на имињата, внатрепартиски, но и на други можни наши потенцијални коалициски кандидати од други партии или независни листи и граѓански организации, со кои би разговарале да се поддржиме соодветно, коалициски – рече Филипче.

Овој процес, според Филипче, треба да заврши кон крајот на март, за најдоцна во првата половина на април да ги имаат првичните сознанија од анкетите.

ИЗДВОЕНИ