СДСМ денеска во Скопје го одржува 30. конгрес на кој ќе се донесе одлука за избор на новиот состав на Централниот и Надзорниот одбор на СДСМ и избор на заменик претседател/ка на СДСМ. Лидерот на партијата Венко Филипче во своето обраќање пред делегатите истакна дека овој конгрес ќе биде пресвртница за СДСМ.
Филипче рече дека СДСМ била фокусирана на евроинтеграциите, но не и на сервисите за граѓаните, дека биле сервилни кон коалициските партнери и дека тоа е дел од причините за нивниот пораз на последните избори.
Тој исто така рече дека секој што се огрешил треба да одговара за криминал и корупција, но дека правдата треба да биде иста за сите вклучувајќи ги и функционерите на власта.
-Ароганцијата ќе биде закопана длабоко земја додека сум јас претседател, рече меѓу другото Филипче и додаде дека СДСМ е особено горда што Радмила Шекеринска е првата дама од Балканот што ќе ја извршува функцијата втор човек на НАТО.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ ја турна државата, според него, повторно во нов режим, се прават чистки во институциите, од вештачки кризи и закани за измислени кризи.
Власта игра на картата на поделби, вели Филипче. На конгресот присуствуваат 536 делегати од 626 односно, 85 отсто. Тука се и претставници на други опозициски партии НСДП, ЛДП и други.
Денеска продолжи и 29-тиот Конгрес на партијата, којшто се одржа пред почеток на 30 Конгрес на СДСМ, се констатираше недоверба на органите на Централниот и Надзорниот одбор и се констатираше оставката на досегашната заменик претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска.