Филипче: Ќе беше помудро да гласавме „за“ двете резолуции

21

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека Македонија со „хаотични и неразбирливи“ одлуки испраќа порака дека нејзината надворешна политика е импровизација по гласањето во ОН.

„Ќе беше многу помудро да гласавме ’за’ двете резолуции и тоа ќе беше принципиелна и стабилна одлука, којашто ќе ја зајакнеше нашата позиција, ќе го зајакнеше нашето партнерство и со ЕУ и со САД. Притоа тие две резолуции не се косат една со друга – туку се надополнуваат. Франција, Германија и Италија и многу други земји ја поддржаа американската резолуција, која што ние ја коспонзориравме. Прашањето е зошто не сме гласале“, вели Филипче.

„Ако сме целосно усогласени со ЕУ, додава тој, зошто тогаш гласаме спротивно на сите други европски земји? Одговори на овие прашање не добивме од Владата. Гласањето за двете резолуции ќе беше наш јасен став дека сме за што поскоро завршување на војната во Украина“, додава тој.

Лидерот на опозицијата вели дека првпат една влада, којашто коспонзорира резолуција, потоа не гласа за истата. „Ова покажува дека нема ниту стратегија ниту координација и дека надворешната политика се води врз основа на импровизации и лични проценки на премиерот“, оценува Филипче.

 

ИЗДВОЕНИ