Кога рускиот претседател Владимир Путин неодамна се сретна со војници кои се опоравуваат од воените повреди, многумина беа изненадени од неговиот младешки изглед.
Иако во јавноста со години се пишуваше дека користи филер третмани во пределот на образите и ботокс за челото, 72-годишниот Путин на оваа средба изгледал посвежо, како да имал некоја дополнителна процедура или третман.
Некои коментираат дека тој всушност физички изгледа во подобра форма.
– Точно, Путин изгледа малку поинаку на неодамнешните фотографии. Можеби имал дополнителна операција околу очите, за подигнување на очните капаци и затегнување на веѓите и целото чело и имал третмани како Morpheus8 за подмладување на кожата каде што се користат игли за радиофреквенција кои нехируршки можат многу убаво да го затегнат лицето. Или третманот Sculptra, кој го стимулира растот на колагенот во кожата и ја затегнува – вели есететскиот хирург Никола Милојевиќ за Јутарни лист.
Тој, исто така, смета дека дермалните филери на лицето на рускиот претседател се поинакви од порано кога се третирало лицето, како сега повеќе да се во образите, што го издолжува лицето, така што тој изгледа посвеж и што и да прави, тој изгледа негувано, здраво и полн со енергија, што веројатно и сака и да постигне.
“Are you used to your new condition?”
Putin looks very pleased and relieved at a meeting with Russians who lost their legs in the war.
He’s a psychopath completely devoid of empathy. pic.twitter.com/UVxN8yJVj0
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) December 4, 2024