Фијаско на протестот на Дудуш пред бараките на Град Скопје во Градски парк

1452

Протестот што го најави градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш пред бараките на Град Скопје, во Градскиот парк, доживува фијаско. Иако Дудуш очекуваше масовност на мирниот протест поради проблемот со нередовниот јавен превоз, не само во неговата општина, туку насекаде низ Скопје, дојдоа само десетина луѓе. Повеќе има новинари, фоторепортери и камермани, отколку граѓани.

Најавени се на протестот да им се приклучат и студентите, затоа што, како што велат, доцнат на предавања и на испити, бидејќи нема автобуси низ Скопје, кои би ги однеле до факултетите.

Инаку, внатре позади оградата на главната портирница на Град Скопје, во саксија е забоден транспарент и на големиот лист хамер е напишано: – 500 милиони денари се должат на ЈСП од Влада за бесплатен студентски превоз, а најдоле е нацртана стрелка над која пишува „500 метри до Илинденска ББ“.

Фото: Петр Стојановски