Претседателот на Франција Емануел Макрон ги извести лидерите на партиите кои се сретнаа денеска со него во Елисејската палата дека би сакал да именува нов премиер „во рок од 48 часа“, објави „Фигаро“.
Уште не е јасно кој ќе го наследи премиерот Мишел Барние. Француските медиуми шпекулираат за неколку кандидати, меѓу кои се поранешниот министер за правда Франсоа Бајру и моменталниот министер за одбрана Себастијан Лекорни, пренесува Танјуг.