Фицо тврди дека опозицијата во Словачка планира „државен удар во стилот на Мајдан“

17
EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS

Словачкиот премиер Роберт Фицо откри дека тамошната разузнавачка служба го предупредила дека има план да се изврши државен удар.

Фицо рече дека словачката опозиција стои зад овој план и се подготвува да го собори со државен удар. Фицо вети дека ќе преземе мерки за да се спречи државен удар во земјата.

– Утре ќе ги преземам сите превентивни мерки тоа да не се случи. „Не можам да замислам дека народот ќе упадне во парламентот или владините згради како што се случи во американскиот Капитол“, рече Фицо на прес-конференција, алудирајќи на инцидентите во зградата на американскиот Капитол во Вашингтон на 6 јануари 2021 година.

– Не можам да именувам никого, не можам да ги спомнам околностите, но со целосна сериозност и одговорност можам да кажам дека словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“, изјави Фицо.

Фицо вчера предупреди дека словачката опозиција се подготвува за државен удар во стилот на „Мајдан“ во земјата.

Словачкиот совет за безбедност утре ќе се состане за да разговара за информациите добиени од Државната разузнавачка служба дека се подготвува операција за влијание со цел дестабилизација на државата.

Словачката опозиција во вторникот го обвини премиерот дека ја поставува основата за излез на земјата од Европската Унија, но се откажа од предлогот за гласање недоверба на него и на неговата влада.

Опозицијата најави дека го повлекла предлогот во знак на протест поради одлуката на Фицо да ја затвори расправата за јавноста, со образложение дека ќе се разговара за доверливи информации.

ИЗДВОЕНИ