Словачка е подготвена да спроведе низа политички и економски санкции против соседна Украина за да ја принуди да помогне во испораката на руски гас до Европската унија, изјави во четвртокот словачкиот премиер Роберт Фицо.
Ова го изјави по разговорите со европскиот комесар за енергетика Ден Јоргенсен, пренесува Ројтерс.
Фицо го обвини Киев дека ѝ штети на Словачка со тоа што не го продолжи договорот за транзит на гас со Русија за транспорт на гас преку Украина и се закани дека ќе возврати со прекинување на итната испорака на електрична енергија за Украина или намалување на помошта за бегалците.
Тој рече дека за време на посетата на рускиот претседател Владимир Путин во Москва минатиот месец, обезбедил снабдување со гас за Словачка и покрај прекинот на транзитот од Украина.
Според податоците на словачкиот оператор на гасоводот Еустрим, откако беше прекинат транзитот на гас преку Украина, Словачка увезува руски гас што доаѓа од Унгарија преку гасоводот Турски тек.
Фицо рече дека прекинот на транзитот на гас преку Украина ја чини Словачка 500 милиони евра транзитни такси и една милијарда евра поради зголемените цени на гасот.