Фицо го покани Зеленски на преговори за транзитот на руски гас

30
epa08748017 Valves of the Nord Stream 2 pipeline landfall facility during a visit of Mecklenburg-Western Pomerania State Premier Manuela Schwesig (not in the picture) to the industrial port and the landfall facility of the joint German-Russian pipeline project Nord Stream 2, in Lubmin, Germany, 15 October 2020. The politically controversial pipeline project was put into question in response to the alleged poisoning of Kreml critic Alexei Navalny. Schwesig wants to save the gas pipeline that she regards an important infrastructure project. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Словачкиот премиер Роберт Фицо го покани украинскиот претседател Володимир Зеленски на состанок на кој ќе се разговара за транзитот на руски гас преку Украина.

Тој сними видео порака на својата Фејсбук страница и повика на преговори „што е можно поскоро“.

„Средбата би можела да се одржи на територијата на Словачка, недалеку од државната граница меѓу Словачка и Украина. „што е резултат на заедничките напори на нашите влади“, нагласи Фицо.

Тој нагласи дека одлуката на Украина да го запре транзитот на гас предизвикува значителна штета на Европската унија, Словачка, па дури и на самата Украина. Словачкиот премиер рече дека не сака „понатамошно да ги влошува тензиите“.

„Како премиер на Словачка имам различно мислење од вас за повеќе прашања, а особено не верувам во стратегијата според која продолжувањето на меѓусебното крвопролевање во војната во Украина ја зајакнува позицијата на Украина во можен мировни преговори“, рече Фицо.

Тој ја истакна потребата од „итен прекин на непријателствата“.

Од 1 јануари, рускиот гас повеќе не тече низ Украина до земјите од Европската унија, откако истече петгодишниот договор за снабдување и не беше обновен.

ИЗДВОЕНИ