Декларацијата на Европската комисија (ЕК) за заштита на клучната енергетска инфраструктура е сериозна, бидејќи ЕК почнува да врши притисок врз Украина во врска со транзитот на гас, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо на седницата на Комитетот за економски прашања на словачкиот парламент.
Тој посочи дека ЕК во декларацијата очекува третите земји да го почитуваат фактот дека се работи за безбедност на ЕУ.
„Ова е говор што Зеленски го разбира. Тој знае дека ако ги прекинеме сите санкции против Русија, тој е во опасност да не добие ниту евро од ЕУ“, додаде Фицо, пренесува словачкиот портал HN.