Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави денеска во отворено писмо до раководството на Европската унија.
дека премолченото прифаќање на одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го запре транзитот на гас од Русија од 1 јануари е „апсолутно ирационално и погрешно“ и ќе доведе до „тензии и реципрочни мерки“.
Фицо ги замоли претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, „да ѝ дадат соодветно внимание и итно значење на оваа невидена ситуација“ во име не само на Словачка, туку и на целата ЕУ, пренесува словачкиот портал Стандард.