Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го објави конечниот список со шешири пред ждрепката за Евробаскетот во 2025 година, која ќе се одржи на 27 март.

Евробаскетот ќе се игра во четири земји, од 27 август до 14 септември годинава, а домаќини се Летонија, Финска, Полска и Кипар.

Во првиот шешир се најдоа Србија, Германија, Франција и Шпанија, додека вториот го сочинуваат Летонија, Литванија, Словенија и Грција. Во третиот шешир се селекциите на Италија, Црна Гора, Полска и Чешка, четвртиот шешир го сочинуваат Финска, Грузија, Турција и Израел, додека во петтиот се Белгија, Босна и Херцеговина, Естонија и Велика Британија.

Најслабиот, шести шешир, е резервиран за Шведска, Исланд, Португалија и Кипар.

Дел од шеширите веќе се познати, бидејќи секој од домаќините го избра тимот што го сака во групата, па така Кипар ја избра Грција, Латвија ја избра Естонија, Полска – Словенија, а Финска – Литванија.

ИЗДВОЕНИ