ФФМ со нов возен парк по пауза од 18 години

29

Гранд Ауто, официјалниот застапник на Ford, Hyundai, MG Motor и Chery за Македонија постигнаа договор со Фудбалската Федерација на Македонија (ФФМ) за поддршка на Фудбалската федерација на Македонија и нашите национални репрезентации.

Ford и Hyundai, како докажани пријатели на спортот во светски рамки и нераскинлив дел од сите важни моменти од големите натпреварувања, Европски и Светски првенства, а пред почетокот на новиот квалификациски циклус на македонската репрезентација за мундијалот 2026 година, Гранд Ауто и ФФМ интензивно се подготвуваат за креирање на вистинска навивачка атмосфера и поддршка на нашите фудбалери на патот кон нов историски успех.

„Ни претставува задоволство што денеска нашата репрезентација и ‘Куќата на фудбалот’  добиваат нов партнер во името на Гранд Ауто. Нѐ радува тоа што едни од најпрепознатливите автомобилски брендови, стануваат дел од фудбалското семејство. Уште повеќе поради фактот што просечната старост на возилата во ФФМ до овој момент беше речиси 18 години и повеќе од двесте илјади минати километри. ФФМ никогаш досега немала партнер во име на официјален застапник на автомобилски бренд во овој обем, но тука сме да ги менуваме работите и во овие нецели два месеци, промените се случуваат. Правиме сѐ за да овозможиме најдобри услови за репрезентациите и нивната логистика, а оваа соработка е токму во таа насока. Верувам дека заеднички со Гранд Ауто ќе се радуваме на нови победи, ќе ја бодриме нашата репрезентација и ќе славиме за нови победи. Благодарност до сите во Гранд Ауто за поддршката и за тоа што верувате во подобра федерација и нови победи за македонската репрезентација, истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Генералниот директор на Гранд Ауто, Дритон Заири додаде дека се обезбедени возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, овозможувајќи им целосно да се фокусираат на она што е најважно – развојот на фудбалот и инспирирањето на новите генерации спортисти.

-Со огромна гордост ја најавуваме нашата соработка со Фудбалската федерација на Македонија – најголемата и највлијателна спортска федерација во земјата. Преку ова партнерство, обезбедуваме возила кои ќе ја поддржат секојдневната работа на Федерацијата, овозможувајќи им целосно да се фокусираат на она што е најважно – развојот на фудбалот и инспирирањето на новите генерации спортисти. Фудбалот обединува, буди страст и ја симболизира силата на тимската работа – вредности кои длабоко ги споделуваме во Grand Auto, истакна Дритон Заири.

Во знак на благодарност за партнерството со Гранд Ауто и поддршката за македонската репрезентација, претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ на генералниот директор на Гранд Ауто му подари специјален репрезентативен дрес. Од своја страна пак, генералниот директор на Гранд Ауто, на првиот човек на ФФМ, му предаде симболичен подарок, клучеви од возилата, за означување на оваа важна соработка.

ИЗДВОЕНИ