Како што е најавено, одложени се сите натпревари во нашата држава поради големата трагедија која ја покоси Македонија, а воедно се јавија и од Фудбалската федерација (ФФМ).

  • Длабоко сме погодени од трагичниот настан во Кочани, каде што животот го загубија многу млади луѓе. Нашите мисли и молитви се со нивните семејства и најблиски во овие тешки моменти. Изразуваме длабоко сочувство и даваме целосна поддршка на сите погодени од оваа несреќа. Со оглед на сериозноста на ситуацијата, ФФМ одлучи да ги одложи сите фудбалски натпревари закажани во сите лиги. Нови датуми ќе бидат објавени во наредните денови, се вели во соопштението.

Исто така, потенцираа дека одложен е и натпреварот на младинската репрезентација до 16 години, која требаше да одигра пријателски натпревар со селекцијата на Естонија во Скопје.

  • Поради големата трагедија во која животот го загубија многу млади луѓе, Фудбалската федерација на Македонија, во знак на почит и солидарност, праќа информација дека медиумските активности со фудбалерите од репрезентацијата на Македонија ќе бидат сведени на минимум, односно само на неопходните обврски. Исто така, одложени се пријателските натпревари на Македонија до 16 години кои требаше да се одиграат со Естонија во Скопје. Ви благодариме за вашето разбирање во овие тешки моменти, додаваат од ФФМ.

ИЗДВОЕНИ