Преминот на Луис Хамилтон од Мерцедес во Ферари е веројатно најголемиот трансфер во историјата на Формула 1. Седумкратниот светски шампион ќе го има своето официјално деби за Скудерија на трката за Големата награда на Австралија во Мелбурн овој викенд.

Сличен пат своевремено имаше и четирикратниот светски шампион, Себастијан Фетел, кога од Ред Бул се пресели во Ферари. Сепак, тој не успеа да му ја донесе титулата на италијанскиот тим, а двапати беше вицешампион.

  • Тоа е голема работа. Секоја промена на тимот е сериозна одлука. Особено при пристигнувањето во Ферари. Тоа е посебна култура. Причината е што тимовите се претежно британски, само две се италијански. Мојот идол беше Михаел Шумахер, затоа копнеев да дојдам во Ферари, истакна Германецот.

Фетел се сомнева дека истите импулси го донеле Хамилтон во Ферари.

  • Не сум сигурен дека Луис го сонувал истиот сон како мене. Сепак, мислам дека добро избра. Затоа што нема ништо поспецијално во Формула 1 од возењето на црвениот болид, заклучи Фетел.

Инаку, новата сезона во Формула 1 стартува викендов со трката за Големата награда во Мелбурн, која стартува во 5 часот наутро.

ИЗДВОЕНИ