Фестивал на мото културата на плоштадот во Автокоманда

55

„Guardian Angels MC“ заедно со Општина Гази Баба по втор пат организираат фестивал на мото културата на плоштадот во Автокоманда. Фестивалот ќе се одржи на 21 септември (сабота), нaпладне.

Како што велат организаторите тоа ќе биде целодневна забава која ќе опфати мото еxpo, мото дефиле, диџеј, музички бендови, изненадувања и награди и многу забава, со цел промоција на мото културата во Република Македонија, како и промоција на музички артисти.