Возачот на Астон Мартин, Фернандо Алонсо, изјави дека уште сонува за трета шампионска титула во Формула 1, иако има 43 години и иако поминаа 18 години откако ја освои титулата последен пат.
- Сè уште е мој сон. Зошто да не? Знам дека 2026 година е, веројатно, мојата најдобра шанса, бидејќи 2025 година ќе биде исклучително тешка. Но, јас сè уште сонувам. Формула 1 е за сонувачите, веројатно, затоа што сè може да се случи. Ќе видиме – верува Алонсо.
Последната 32. победа во Формула 1 Алонсо ја постигна пред 11 години, а титулите за светски шампиони ги освои со Рено, во 2005 и во 2006 година.