EPA-EFE/NOUSHAD THEKKAYIL

Кинескиот возач Гуанју Џоу (25) ќе биде резервен возач на Ферари оваа сезона, објави италијанскиот Формула 1 тим. Тој ќе ја чека својата шанса заедно со Антонио Џовинаци оваа сезона, доколку не биде во можност да настапи некој од двајцата стартни возачи. Инаку, за тимот на Ферари оваа сезона ќе возат Шарл Леклер и Луис Хамилтон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FORMULA 1® (@f1)

Во соопштението се вели дека кинескиот возач бил студент на Академијата на Ферари од 2015 до 2018 година и дека напредувал во Формула 4 и во Формула 3 во тој период. Изминатите три сезони, тој беше член на тимот на Алфа Ромео, кој минатата година беше преименуван во Заубер.

Новата сезона во Ф1-шампионатот започнува на 16 март, со Големата награда на Австралија.

ИЗДВОЕНИ