Феникс Санс оваа сезона официјално нема да игра во плејофот иако е тимот кој троши најмногу пари за плати во историјата на НБА. Тие беа поразени од Оклахома (125:112), со што го претрпеa осмиот последователен пораз.
Лошата форма на Санс е само епилог на она што нивните навивачи го гледаат цела сезона – лоша кошарка и уште полоши резултати. Тимот од Аризона падна на 35-45 на две кола до крајот на регуларниот дел. Веќе втора година по ред, тимот предводен од ѕвезденото трио Дурент, Букер и Бил, изгледа катастрофално.