Репрезентативецот на Ангола, Жилсон Банго, е нов играч на Фенербахче, соопшти турскиот клуб. Банго пристигнува во Истанбул од шпанска Сарагоса, а потпишал договор до крајот на сезоната.

За Сарагоса на 18 меча во шпанскиот шампионат имаше просек од 13,9 поени и 5,6 скока по меч. Пред Сарагоса, Банго играше две години за германскиот клуб Брауншвајг.

ИЗДВОЕНИ