Фен за коса се повлекува од српскиот пазар – постои ризик од струен удар

120
pexels

Фен за коса од брендот ISKRA модел RH-1558-1BL е повлечен од српскиот пазар, објавено е на веб-страницата на НЕПРО на Министерството за трговија.

Во образложението за отповикувањето на производот се наведува дека станува збор за фен од брендот Iskra, модел RH-1558-1BL, EAN код: 3830042565970, спакуван во картонска кутија, црна боја.

Наведено е дека може да дојде до струен удар или прегорување. Засегнатите производи може да се прегреат, што ќе доведе до оштетување на изолациониот материјал и до контакт помеѓу оштетената изолација и куќиштето на уредот.

Доколку корисникот дојде во контакт со делови под напон, може да дојде до ризик од струен удар.

 

ИЗДВОЕНИ