ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : ТРПЕТА КУЗМАНОВ СТЕВКОВСКИ-АШИКОВСКИ (2)

    394

    НА ТРПЕТА КУЗМАНОВ СТЕВКОВСКИ-АШИКОВСКИ, од с. Драчево, околија Скопска

     

    Ние доле подпишаните Спасе Крстевски-Шиндер и Венко Цветанов-Грчки, двајцата од село Драчево, околија Скопска, изјавуеме следното:

     

    Лично знаеме да Трпе Кузманов-Стевковски, од с. Драчево, околија Скопска, е роден 1877 год. во село Драчево, Скопско, да е син на бедни родители земјоделци, кои работеле тугја земја на аги, бегови и чорбаџии така да уште од рана младост осетил тежеста на животот и за да се дојде до право и слобода единствен пат било да отпочне да се бори. Како син на бедни родители и свршил само прво оделение во основното школо и понатаму не можел да продолжи учењето си. Како посветен младеж се приближуе до Македонската револуциона организација уште во 1898 год. Бива натоварен со разни задачи од раководството и истите ги свршава исправно, предано и на општо задоволство. Го одредујат куриер за деликатни работи, кои се поверујат само на опробани луге, верни на организацијата, за која идеја се готови да пожертвујат животот. Како таков се запознава со војводите: Стојче Бобев, Даме Мартинов, Никола викан Бозаџијата, Стојчета од Сољње-Солњанец, Васил Стојанов-Аџарларски, Атанас Албански и многу др. Давани му се поверливи наредби од раководното тело и истите ги свршава прво како куриер, а по доцна бива четник во четата на војводата Васил Стојанов-Аџарларски. Зел активно участие во страженијата во селата Мирковци и Ибраимово со војводатат Васил Стојанов-Аџарларски. Пренел големо количество пушки со товари земени од четата на војводата Даме Мартинов, во село Огњанци донесени. Овој случај бива откриен од непријателите на организацијата. Доставени на Турците и Турската власт биват опколени (сардисани) од аскерот. Со голема пожртваваност оражието и лугето ги спасува преоблекување во женски алишта, но тој бива предаден на Турците во 1905 год. Мачен, тепан и подвргнат на истезанија никого не издава и не открил. Како тврд и упорен во својата идеја, Турците со својата пресуда го осудујат на казна ИДАМ 101, сто и една година, и бива испратен на издржавање казната по Турските казамати-зандани во Скопје-Куршумли хан, од Скопје бива испратен во Затворот Еди куле во Солун, од Солунското Еди куле бил испратен во Мала Азија во градот Измир-Смирна. Од Смирна бива испратен во злогласните Турски зандани Подрум Кале, а од Подрум Кале го испракјат во најтешкиот турски затвор на остров Родост, каде врзан и окован со пранги-синџири (тешки окови) проведува времето све до Хуриетот 1908 г. Така да Трпе макар да бива мачен, тепан, истезаван и окован во тешки пранги (окови) остануе верен и доследен безкористен борец за слободата на Македонија и Македонскиот Народ. По наше лично знање никои не бил поголем јунак, маченик и никои не поднел поголеми жертви и страданија од нашиот сосељанин и Македонски јунак Трпе Кузманов-Стевковски викан Ашиковски. Ние сме прости луге и не сме во состојба да го опишеме животот, делата, страданијата и самопожертвуванијата на овој јунак герој за слободата на Македонија и Македонскиот народ. Само можеме да кажеме едно да е заборавен и никој со ништо до сега не го наградил Трпета, а това е и правило да заслужените никогаш не биват на време и справедливо наградени. За нас и за Македонската Народна Република Трпе треба да живее уште многу години како редок примерен јунак, честен и неграден герој за понос на сите нас живи членови припадници на Македонската револуциона организација во Македонија.

    Макар и стар, во напреднали години Трпе се поврзуе со партизаните и активно ја помага НОБ во 1944 год.

    Ова е што знаеме за него, а веруеме да сме пропуштиле многу работи како за давно миналото, така и за участието му во Н.О.Б.

    За све наведено лично ни е познато, а за нашите наводи јамчиме под морална, материјална и кривична одговорност.

     

    с. Драчево, 12 септември 1953 г.