ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Флора Костова Лештарева од гр. Охрид (11)

    274

     

    Биографија

    на Флора Костова Лештарева од гр. Охрид улица Христо Узунов бр. 11 во врска со дејноста и во македонското движение 1893-1903 година.

     

    Како дете од сосема  бедни родители со свој средства не сум била во состојание да се издржавам, но благодарение на добри граѓани во тоа време, кој ме изджуваја во школувањето завршив ИВ клас женска гимназија во Битола, после кое бев назначена за учителка во Основното училиште Климент Охридски во Охрид востапивши на служба во 1897 година околу 6 години преди илинденското востание. Во текот на тие 6 години сум земала видно участие во многу акции во врска со ослободителното дело од кој ќе изнесам следните: Како учителка заедно со мојте колегиници учителки Костадина Настева (Бојаджиева), Хрисанта Мискарова, Поликсена  Мосинова, Фанија Шулева и Клио Самарджиева, сите десетарки организиравме и просветувавме женските маси бидејќи на нас учителите ни беше поверена таја мисија било во градот или селото. Усрдно сме се залагале и работиле на таја пропаганда.

    Еден поголем дел од од тие проповеднички  и воспитателни акции сме ги спороведувале одејќи по куќите на именден каде сме собирале повеќе жени и сме одржувале пропагандни состанци на кој сме објаснувале на жените за националното дело и подготвуването на востанието. Заедно со другарките ми колегиници и други жени сме шиеле и везеле шапки и алишта потребни за четите, а преди востанието 1903 година неколку месеци сме везеле и востаничкото знаме за Охрид и охридската околија.

    Во време на вооражувањето земали сме живо участие, ни е била поверена сигнализацијата при идејето на чуновите со оражие, која сме ја вршиле од куќата на Костадина Настева (Бојаджиев) вереницата на реонскиот војвода Никола Русинсиновски, каде и беше главниот склад-скривалиште на оражието, од каде пак ние заедно со по свесни граганки просветени во каузата го пренесувавме при Талко Ристевски во Месокастро кој држеше  хан, од каде пак во пазарен ден идаја лица курири од селата и го дигаја и пренесуваја до одредените за целта села. През целото време во вршенето на куриската служба или пренос на оражие не ни се случил ни еден случај предаванесо исклучение на еден кога во куќата на Клио Самарджиева извршен беше претрес и најдена една пушка, за кое дело Клио беше осудена на една година затвор.

    Бавили сме се и со укриване на четниците през зимното време кој слегуваја од планина и зимуваја во Охрид.

    Во време на востанието 1903 година ние позадинките и машките позадинци не сме седеле, но сме оделе од кука во кука и собиравме бакарни и оловни садови како и од рибарите оловите од мрежите, а кое олово е употребувано за полнење на фишеци. Овие материјали се испраќаја во „Рашанец”.

    Лечехме ранети од селата кој се донесуваја тајно в град. Се формира тајна болница во која ние сите учителки вршевме служба сестри под раководство на д-р Клантис Матеја, која работа е вршевме се до потушуването на востанието. Во последните дни преди потушувањето на востанието болницата беше откриена од турската власт, но благодарение на тогавашниот кајмакам Мехмед Беј високо интелегентен албанец по мое мнение симпатизер на каузата, не превзеде никакви мерки за применуване на казна и ако ние сите бевме фатени на самото место.Тој сожалуваше кога виде во болницата ранети, жени, деца, старци изговаривши зборовете: да сте ми јавиле на време  јас ќе го пратев општинскиот лекар да укаже помош на ранетите.

    По потушувањето на востанието ние пак се одадовме на работа. Во градот почнаја да идат сите селани од изгорените села кој од наша страна беа прихватувани и распоредувани по одредени куќи. Беа ангажирани две фурни за печејне леб за исхрануване на бегалците. Собиравме жито од куќа на куќа и го носевме во двете фурни за изготвуване на хлеб. Ова положба се продолжинеколку дена после кое вече стигнаја големи количини на храна и покривачи од Англија и Америка и се делеја по изгорените села во Дебарца.