ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Ѓорѓи Кузманов Нузов жител на Битола(24)

    600

    ИЗЈАВА

    Од Ѓорѓи Кузманов Нузов жител на Битола

    ул. Оптичарска 20, родом од с. Смилево

     

                    Кратка биографија за дејноста ми во револуционите времена до востанието 1903 и после до 1912.

                    Јас сум заклет 1902 год. од војводата Донски и учителот Иван Делев (од гр. Охрид, учител во смилево со 4 учт. сили) за верност на смрт или слобода, за ослободувањето на Македонија од черното иго на Турција. Работих легален до пред востанието, бех десетник и се што ми се наредуеше од начачалството ја извршвах со другарите: испраќахме, пречеквавме чети, одехме патроли, курири. Набавахме оружие, муниција и т.н. за подготовката на востанието. Одехме на помош на два пати, кога беше сардисан Јордан Пиперка во с. Брезово, а Арсов во с. Избишта ѓи ослободувахме.

                    Пред востание бевме повикани и образувахме 6-7 чети сите Смилевци.

                    Ја бех одреден со војводата Димче Трпков учителот. пак десетник. На правихме 5.сраш. 1 на вечерта всело Смилево, имаше 250 души аскер, кога правеше доа наредени редица, со залпови од сите страни избихме многу аскер, а некои се скрие во училиштето. По нарегене на штабот  им запалихме конакот се им изгоре. ИИ.21 под село со башибузук. ИИИ 23 со многу аскер дојде да и кренет убиените и тие што беа во училиштето и ослободие , изгубие 17 убији ранати башка, ништо зијан не направие. ИВ – ср. 14 Август  сите чети бех ме на разни страни и од сите страни нокта втаса без број аскер, утро то со топови не извадие од окопи. Влегое всело го оплачкае и сето го изгореја, што стретие старо дете се избие, а женските пропадние обесчеставани  и после убивани. Това срашение стана катастрофа; од 600 куќи фамилии останати без послан, без леб и без дрехи. Страм им ни беше да и погледаме, а нај главно што останахме без средства за живот. Дори беше селото храни имахме во изобилие. После лутахме четите по близните села и кај ќа се кажеше потреба. Немаше ден аскер да не доет во селото, али чета неможеше да седит всело. В. ср. 13 Септември ИЏ , во место с. Боишта; беше штабот со војводите на конференција во Боишта, а четниците наредени на опозиции на сите страни. Конференцијата била јавена на власта-предадени. Фтаса многу аскер од наоколу, од сите страни и патишта, сите чети останахме опколени. Почна срашение страшно од сите страни на сите места, татнеше небото од пуканје.

                    Благодарение на Н. Дечев што предвошдаше четата на Јордана Пиперката, след убиството му не ошол на конференција, а собрал пет чети од Кичевско, нападна на аскерот на 4-5 места в грб, аскерот се збуни остана сардисан, немаше како, се собраа на едно место и така ние се спасихме и сите војводи со штабот. Многу жертви се дадое.

                    По 20 дена им се нареди за да предаеме орижието да се растурат четите со амнисија на Царот. Предадохме оружјето на штабот и не ослободие. Пошто беше селото изгорено сите си ојдохме в Битола.

                    Ја пак бех поставен за член во началството и судија, да и помирваме, ако случај стане да дојде за суд. И така никој  на суд не одеше, до 1912 год.