ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Ташко Арсов, Дебрца(28)

    1152

     

    Биографија

    Малко Објаснениа кон молбата ми за Илинденска пензиа, од 9 дек. 1946 до Одборот за Илинденски пензии во Скопје:

     

    Во борбата за ослободуенето на македонскиот народ јас сум земал живо участие од 1900 до март 1907 г. цели седум години, од кои со пушка во раце шест години, жертвував својот живот, изгубив нај-доброто време од својата младост кога можев да створам капитеал и добра иднина, материално се опропастив изгубиш два дукјана полни со бакалско-крчмарска стока/ во с. Велмеј и во с. Злести, Дебрца, Охридско/, кои села во време на Илинденското востание турците ги изгореа до темел; изгубивме цалата покукјнина, два конја, две крави, една свинја крмак, преко триста златни наполеони златни вересиа дадена на селаните кои не платиа ни пет пари. Во март 1901 г. по предателство, турската власт ме арестува и заедна со Климе Велјаноски од с.Злести спроведуајки ни за во затворот во Охрид ние му побегнавме на спроводникот, по нас стрела два пати али не погоди, и ние си причисливме во четата на војводата Никола Русенски од Малешевско. Во мај четата се раздели на две од која на другата част го назначи за војвода Деан Димитров од с. Лактине, Дебрца и јас бев одреден за негов секретар, но Деан бидејки неписмен јас вршев сите важни работи: и агитациа, и организатор и све.

    На 15 март 1903 г. ние бевме обсадени во с.Арбино, водивме борба од темни зори до вечерта, кога атакувавме Турците и ги втеравме дури во гарнизонот им во с. Издеглавје. Тогаш се уби пор. Тома Давидов идејке ни на помош со седумдесет четници и милициа, попадна во турска засада.

    Во јуне 1903 г. Деан биде смен во други рајон а на негово место за војвода во горна Дебарца биде назначен Смиле Војданов од с. Лактине, Охридско, /сега во америка/, јас останав негов секретар; со него се движив до крајот на Илинденското востание и после заедно заминавме за Бугарија “по канал#.

    Патувавме 46 нокји, та во Кјостендил стигнавме на ден Св. Никола зимни.

    Во Велешко ни придружи и тамошниот војвода Андон Кјосето.

    През август 1904 г. јас дојдов во Битолско со Костурската чета на Кузе Блацки, на расположение на Битолскиот ОкР Комитет, кои во април 1905 г. ме постави за војвода во Демир-Хисар, како организатор за второ востание.

    Тој рајон состоеше од 26 села, од с. Цер до Смилево, а после три години, крајот на февруари 1907 со чужд паспорт заминав за Софја на одмор, но од тамо во мај заминав за Канада при брата ми; после турскиот “хуриет# 1903 г. есента си дојдов дома, во Охрид.

    “Хуриетот# излезе лаж, па во април 1909 г. Јас предприев една обиколка низ мојот бивши рајон Демир-Хисар, придружен од пок. Никола Јанев, учител од с. Брежани. Посетив селата гол. Црско, Цер, Простране, Велмевци, големо Илино, Бабино, Слоештица, Сопотница и Брезово, како училштни инспектори. На селаните агитирав оти младотурците ни измамиа со нивниот “хуриет# па зато ние без друго треба да се готвиме за едно поголемо востание и тогаш сигурно ке се ослободиме од нив.

    Предаден од Зашлечкиот шпион поп Костадин, во с. Брезово дојде еден жандарм. поручник, ни арестува обајцата и ни спроведе во затвор во Битола; тамо ни затвориа во старата катилана, каде лежавме 33 дена. Во тоа време од селата што бев посетил, власта повика по неколко души, кои ги посочив јас да сум бил на гости, распитаа ги подробно, но сите казаа оти јас не сум им рекол ништо против “хуриетот# но просто сум им бил гостин, како стари познаници, и така ни ослободиа од затворот, а затоа нај-много се стегна нашиот национален клуб во Битола, на чело со д-р Николов.

    После ослободуенето од затворот јас во Битола отворив плетачна работилница, али продолжив да бидам активен член на револуц. организациа до балканската војна 1912 г., но во 1913 г. органицазиата пак се соживи против тираниата на србската шовинистичка власт, јас бев пак нејзин идеен член до убиството на генерал Протогеров во Софја, 1930 г.

    Од горното ми изложение се видит да јас сум бил доследен во борбата за ослободуенето на македонскиот народ како редко кои. Од србската полициа много сум бил гнјавен, обиските во мојата кукја беа честа појава но не сполучи да фатит некоја нишка.

     

    Ташко Арсов, Дебрца