ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : од Сута Бочварова од град Титов Велес (20)

    530

     

                Б И О Г Р А Ф И Ј А

                                                                                                                        На Сута Бочварова од град Титов Велес.

    Родена сум во село Скачинци, Велешка околија, през 1864 година. Детинството и девојачкиот живот сум ги провела во родното ми место.
    Од како се омажив дојдов да живејам во Титов Велес каде и сега живеам.
    През време на востанието како жена на Јован Пеливанот живеев во Прчково маало во кућата на Димко Мацанов. Во това време Димко Мацанов беше раководител на организацијата и како таков ни даваше задатоци кој што да направи и која работа да ја озврши.
    Мене како на негов станар која уживав големо доверие постојано ми налагаше задачи кои бева во можностите да ги изврши една жена.
    Каде што живеев имаше керана во која што се вежбаа четниците а јас сум носела пушки од складот што се навођаше кај женската школа, односно при Коца Зајкова до кераната и ги враћав во складот.
    На војводата Костадинов кога тој одеше да врши некоја работа му бев спроводник, тој се облакаше во женски алишта, а јас го пратев и му пренесував пушката и останали четнички спреми.
    Кога мажот ми Јован Пелифанот ја купи кућата на Сиракон, ние се преселивме во истата. Комшија ни беше Јован Чочков при кого беше главниот конак на членови од организацијата. Поред не толку извесни во нашата кућа ги криев извесно време Велка војводата и Милана Змијата кои од нас се преселија во кућата на Пана Мижимак, а од тамо братми Никола ги пренесе во една кућа во Попжинчево маало. След извесно време тамо беа одкриени и од жандармеријата беше блокирана целата маала. Велко успеа да се скрие во еден оџак и се спасува а Милан Змијата го убиле кога се префрлал од една во друга кућа.
    Со успех сум ја завршила и задачата кога заедно со Ацка Карасларка пренесувавме пушки од кућата на Димета Јовев до кућата на Јане Мајсторов, пушките ги носевме испод долгите фустани.
    На извесно време след смртта на мажа ми Јован Пеливанот се премажив за Димета Бочвар. Уште во првата година ранев свилени буби, а црници имав пазарено во Дурутовец, кога еднаш отидов со магаре да товарам лист од црница ме сретнава наши луђе и ми товарија пушки кои што ги напокривме со лисја од црниците. Утре дента се повтори истиот случај, само кога го терав магарето натоварено со пушки кој бева покриени со лист од црници товарот се настрани и за мало да преврти баш на самиот мост, во близина беше еден стражар кој го пазеше мостот, истиот притрча да ми помогне, односно да го задржи товарот да не преврти. Јас се уплашив оти ке ги примети пушките, но одма се снајдов и привикав: немој ага не се доближува до листот оти носиш барут и пушиш тутун ке ми изумрат бубите од миризбата сега во тој момент пристигна и Никола Настов кој ми помогне да го исправиме товарот. Пушките ги донесов дома и уште истата вечер дојдова луђе организацијата и ги зедова.
    Поред горе наведеното да кажам и това дека на Ђорђија Четникот којшто требаше да замине за Бугарија јас му дадов алишта да се преоблече.
    Има уште многу други услуги кои сум ги вршела во полза и движењето, но кои сум ги пропуштила да ги изнесам и кој што сум ги заборавила.

    Сута Бочварова