ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Ристе Г.Зенговски (8)

    332

                                             

    Биографија

    Од Ристе Г.Зенговски роден 1881 год. во с.Цапари Битолска околија потекнува од селска средна фамилија, по националност Македонец.

    Кога навршив 8 годишна возраст јас почнав да одам на основно школо учев 4 год. После свршването на училештето мене мојот татко ме зеде на работа во Катерино како кумуржија. Во катерино одев 3 години така да таму работевме преку зимата а преку летото одевме дома и работавме  домашна работа. Во 1898 год. заминав со мојот татко на работа во/Измир Турција/ на правене кумур. Таму седов 9 години таму во самата работа, ни дојде писмо нас на сите работници од тогавашнијот комитет на организирана на општо Народно Илиндско востание, за да се одма вратиме секој дома пошто ке се дига востание, од таму јас со другарите, се вратив т.е. дојдов дома на ден Гурговден пред востанието. Тогај пак во селото турците отепаја 13 души пошто тогај ке се земаше и преносваше оружје од ближните села, тогај турците ги фатија овие 13 души на бегање и ги отепаја.
    На ден илинден кога почна востанието Цапари сето се дигна на нога, некој зедеја оружје и ојдоја по четите, некој јатаце некој курири и др мене војзодата Азко кој беше тогај во Цагараската со четата ме остави да бидам куриер јас порано нешто работев али не толку али од како ме Ацко постави за куриер, од тогај јас зедов за озбилно работата. Во Цапари тогај Науме мислев беше позадинец и јас со него берев леп и друго а четите беја во Цапарска планина /Котари/ таму му го носев и му го давав таму во четата и нему му поставија како и мене да двајцата ние собериме наред од цапари и да одиме со народот да го соберим целото жито што беше околу жадето под село. После јас со братми тројцата соберивме од Цапари 60 жени и 7-8 мажи како и некој колари и почнавме сите да работиме, да жниме и да вршиме снопје па некои товареше на коли и снопјето ги носеше во Цапари да се одма овршат ние то го напрајвме зато што тогај турците сакаја да го горат.

    После свршување на работата во исто време одеднаш се заказа војска турска од кој с. Кажани и да иди кај нас. Тогај јас таткоми и братми Трајче почнавме да бегаме нагоре за да се некаде скриеме после ние се скривме, тогај тије престана кој старите луге и гледат дека ние не сме тука и по мал број се останати луге и то стари. Тогај кавалеријата слего од коните и почнаја да барат во капинето и трнето, пошто му остана нему чудно и рекоја тогај тие да тува сме биле скриени. Тогај тие почнаја да врлат по капинето и трнето со камене и после нас не најдо и бевме биени и донесени до смрт, а пак мојот стрико предмене го убија на смрт-да бил како востаник. Војската продолжи за во Битола а еден дел се врати во с.Кажани. Тогај мене ме донесоја со криени од мајками и другите жени, а таткоми и братми ги торија на кони и ги занесоја во с.Кажани , како пледници после закажани братми беше задржан еден месец за да го уше бијат за да му кажел каде имало востаници на тој ништо не кажал. А мене дома ме зевитка од овчак кожа за да нешто оздрававм. Тогај Тодор Деми од Цапари, кој беше како момок кај турците во Кажани, дојде во Цариград кај нас со едно писмо дадено од турците за да му дадеме 5 лири турски па да го пуштеле братми судијата кој беше на турците тогај во Кажани. Тогај јас со мајками отидов во Цапарска планина/Котари/ за да му на војводата јавиме за ова работа. Штабот на четите ни написа писмо и писмото му го пупштиме во Кажани, другијот ден пак иди Тодор Дилин, со друго писмо со кое после барат 10 лири турски. Јас после сам отидов во Котари со писмото како во исто време му занесов и леп. Штабот од ”котари” написа друго писмо и писмото пак му го пратив во Кажани, после еден месец го пуштија братми во самото пуштане турците му рекле: Бре Гаур ке одиш пак комита! братми му рекол ке одам пошто имам земено клетва ”Смрт или слобода: Братми си дојде се преслече и другијот ден пак замина во четата која беше во Котари. Јас работев како куриер се дотогај до дека траеше самото јас востание. Есента во 1903 год. замина на работа во Измир таму седов 5 год. од таму се вратив во 1908 год. и седов малку време и во 1909 год. замина на печалба во Америка таму седов 3 години дојдо дома и во 1911 год. за Америка и седов до 1919 год. и дојдо дома и седо 3 години. Во 1922 год. заминав пак за америка и седов до 1925 год. есента и пак дојдо дома, една година во 1926 год.

    Заминав за Америка и бев таму до 1932 год. после седов дома 18 месеци напрајв кука 1934 год. заминав пак за Америка и бев таму се до 1937 год. и во ова година си дојдов дома. Во сето ова време во Америка без работник а пак во последнијот пат немаше работа и дури за јадене гладвав.
    Од 1937 год. сум во с.Цапари и работам домашна работа.
    За ова време на Илиндското востание за мојата работа можат да посведочат: Науме Создановски, Лазе Сарчев, Симон Созданов живи од с.Цапари. 23-ИВ-1950 год.