ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : од РИСТЕ КОЛЕВ СТАМБОЛДЖИЈОВСКИ (18)

    602

     

    МОЈАТА БИОГРАФИЈА

    Јас, РИСТЕ КОЛЕВ СТАМБОЛДЖИЈОВСКИ, роден сум на 7 јануари 1886 год. во историческото село Смилево- Демирхисарско. Син сум на Коле Стамболджијовски, кој минуваше како честен и скромен домакин во селото, кој и ако по времето на основавајнето на В.М.Р.О. не преставаше да работи во организацијата, и како таков во последствие беше ЗАКЛАН од грцките андарти во неговата кукја во 1906 година при нападот од страна на андартите на село Смилево.
    Уште од својата 7 година, јас почнав да му помагам на татко ми во неговиот чешларски/гребенарски /занает. След това завршив основното училиште – ИВ оделение во нашото село Смилево. И од тогаш почнав непрекидно да работам во занаетот на татко ми. Уште кога бев на 14 годишна возраст и кога почнав да разбирам, слушајки ги мојте родители и други наши селани каде разговараат за зверствата и бесчестијата што ги правеја турските башибозуци и укјуматски заптиета/жандарми/,- во мене се поради силна омраза кон турската тиранија и почнав да жадувам за слободата на нашиот поробен Македонски народ. Млад и буен пролетер, загрејан од прогресивни идеји, влезов во организацијата уште кога бев на 17-то годишна возраст. Тогаш ми беше дадена ЗАКЛЕТВА од раководството, со која ми беше возложено да ги пазам тајните на организацијата и четите и дадов го своето обештание, дека ке се борам против турската тиранија ЗА СЛОБОДА па и ДО СМРТ. След ако положив клетва, јас станав активен член на В.М.Р.О. и бев ставен на расположение на Смилевскиот Комитет.

    Дури се задобив со пушка во раката, јас работев како куријер-разносвач на писма во организацијата, каде ке се покажеше потреба, а по после-след како го задобив доверието на Месниот Комитет,  ме испратуваја во планината да пренесувам писма, храна и др. на четите. Од тогаш се зацврсти при мене и ловджилокот и денес сум еден од најистакнатите ловджији во гр. Битола.
    Не след многу време си купив и пушка систем ”ГРА”/грчка/ и се зачислив во бојевата сила на организацијата, каде бев назначен за десетар.
    При опсадувајне на некој наши чети од турскиот аскер и башибозуци, јас со останалите четници одма тргнувавме да им дадеме помошта и поткрепа на сардисаните чети. Такви случаји, каде сум активно учествовал при сардисувајнето на турскиот аскер и башибозуци беа многу и како за промер наведувам следното: Кога беше сардисана четата на Јордана Пиперката во село Брезово-Демирхисарско, ние од село Смилево тргнавме близу 50 души четници за да дадеме помошт на сардисаната чета и близу 5-6 дена стоевме во планината, дека четата на Јордан Пиперката беше подгонам  од турскиот аскер од село и селото Брезово го сардисја. Тогаш, при дадената помошт на сардисаната чета на Јордан Пиперката, јас зедов активно участие во борбите со пушка на рака. Други случај беше, кога дадовме помошт на четата на војводата ПЕНЧО, која чета беше асрдисана во село Избишта-Ресенско. Ние-четниците који дојдовме во помошт на таја сардисана чета, удривме го флангово много бројниот непријател односно турскиот аскер и башибозук и след долга, лута и крвава борба, успејвме да е курстулисаме сардисината чета на војводата Пенчо.
    На самиот ден ИЛИНДЕН 1903 година, кога отпочна народното востанието во село Смилево, јас од страна на мојте раководители бев поставен во засада во кукјата на Милошевци и со мојте другари чекавме да отпочниме со акција. Во истата наша група беше турен и еден стар четник, кој е раководеше нашата група, чије име не можам сега да се сетам, бидејќи изминало од тогаш долго време. Во 6 сатот вечерта/по турски/на самиот ден Илинден, јас со мојата група четници ГО НАПАДНАВМЕ ТУРСКИОТ МУДУРЛУК и аскер, кој дојде во нашето село Смилево, след убиството на крвникот Исмаил од турското село Обедник. Борбата беше жестока и страшна. Истата траеше цела нокј и цел ден и ние издржавме, се дури не дојде помошт на турскиот аскерите така истите се куртулисаја и успеја жови да побегнат. Кога навлезе во село Смилево дојдениот во помошт аскер заедно со башибозуците, изгореја и пленија над 50 кукји.

     На третиот ден след објавеното востание, од кон оближното турско село Обедник, надојде голем турски аскер и се приближи кон село Смилево. Тогаш, јас во четата на бестрашниот и храбриот војвода СТОЈАН ДОНСКИ, се спуштивме надолу под селото и след една жестока и крвава борба, успејвме да го одбијеме нападот, те го принудивме аскерот на отстапи и тогаш на истите им запленивме четири конји од кавалеријата, који подоцна пак ни ги одзедоја.
    След неуспелиот обид на нашето Илинденското востание, образуваја се месни чети, на чело со војводите: Даме Москов, Павле К.Крстевски, Димче Кромидароски, Даме И.Касапоски, Петар Жепчевски, Глигор Поп-Павлов и Кочо Грујевски.
    Јас се приклучив кон четата на Даме Москов сега покојник и со неговиот подвојвода МИТО КОЛЕВ КРСТЕВСКИ, сега ЖИВУШТ ВО ГР.СКОПЈЕ, ул.229 бр.36, кој подробно е зане мојата дејност и участие во споменатата чета како активен четник. Тогаш, бидејќи навалата од турската страна беше многу голема, ние ги опсадивме нашите синори/ места/, ископавме окопи и дено-ношно го чекавме турскиот аскер за расплата. На ден Св. Богородица 1903 год. много-бројен турски аскер не нападна од сите страни на нашите позиции, така да ние од секаде бевме опколени и след жестока и долготрајна борба во нашата позиција на ”Арамиски камен” – бевме принудени да отстапиме и во  полен ред отстапи нашата чета кон Бојишката планина-Бигла, а аскерот след нашето отстапувајне стана господар на положението.
    След това почти сите чети беа испратени по разни реони, а ние со нашата чета останавме како охрана на Главниот Штаб, кој се состојеше од:
    Даме Груев, Анатас Лозанчев, Борис Сарафов, Дечев, Стојан Донски и Георги Сугарев.

    После два-три месеци од неуспелото восание во 1903 година беше расформирувана нашата чета и јас се вратив во мојот занает, на кој занает и сега работам.
    Ова е мојата истинита биографија изнесена на кратко и за истинитоста на дадените сведнија во истата камчам морално и материјално.

    Дека се наполно верни и истински предните додатоци изнесени во горната биографија на друг. Ристе Стамболджијовски, бив.од с.Смилево, сега од гр.Битола, јамчиме морално, материјално и кривично.