БИОГРАФИЈА
од НИКОЛА ЗДРАВЕСКИ – ВИНЦЕ од гр. КРУШОВО, ул. Томе Никлев бр. 45
Роден сум во 1866 година во гр. Крушово од родители: мајка КОСТАДИНА и татко ЗДРАВЕ НАУМОСКИ-ВИНЦЕ и двајцата од гр. Крушово. По занает бев терзија /шивач/.
Во покретот за ослободување на МАКЕДОНСКИОТ НАРОД од ТУРСКО РОБСТВО соработував од 1898 година.
Во 1900 година положив КЛЕТВА на верност на ОРГАНИЗАЦИЈАТА, која ми е даде учителот ДАМЕ НОЧЕВ и тогај станав член на организацијата. Како таков мене ми беше возложена задача да учленувам и да ги така тогај наречено ПОКРСТУВАМ, односно да ги прибирам во ОРГАНИЗАЦИЈАТА.
По налог на НАЧАЛСТВОТО на организацијата ме испратија /во истата година/ во село КРУШЕАНИ да и тамо организирам селани за членови на организацијата /ги покрстив клетвено/ една група од 10 души, во која група беше присатен и покрстен клетвено БОГОЈА МИРЧЕВ-ПАТЛИЏАН од с. Крушеани, кој и сега е жив.
През 1901 и 1902 година, јас како по опитен на оражие вршев обука на нашата група за да умеат да ракуваат со оражие и тоа практично изведував вежба со стапој.
Еден месец преди ВОСТАНИЕТО јас заминав на работа во Бугарија но преку Романија и од Бугарија се вратив во Крушово во 1906 година. Тогај пак бев избран за НАЧАЛНИК на ОРГАНИЗАЦИЈАТА во гр. КРУШОВО.
Во организацијата бев и ПРЕТСЕДАТЕЛ на СУДОТ заедно со МИЛЕ ИЛЧЕВ и СТЕРЈУ БЛАЖЕВ и двајцата учители, со кои изрекувавме КАЗНИ на членови од организацијата кои се огрешуваа на својата организаторска должност.
За горните мој наводи можат да посведочат следните лица:
Ѓорѓиев Христов Васил, од Крушево, а сега живуши во Битола ул. Охрид 9 и Богоја Мирчев (Патлиџан) с. Крушани а и јас гарантирам морално, материјално и кривично.
гр. Крушово, 16.XI.1951 год.