БИОГРАФИЈА
Од мене другарот МИХАИЛ Христов Макашовски роден 1884 година во град Ресен Ресенска Околија. Потекнувам од сиромашна работничка фамилија, по заниманје сум работник (бербир) во град Ресен.
През време на пораношните режими се навогав повекето време во градот Ресен и се бавев со работа на својот занает како берберин, со ислученије во 1911 година бев турски војник резервисан по сила на тогавашната власт каде служив 9 месеци и по тоа се вретив дома и почнав пак да работам на својот занает како берберин.
Во времето од 1914 година па се до 1915 година бев српски војник во Чачак пешадија след које се вратив и почнав да работам пак како берберин.
За време преди Илинденското востаније се навогав на работа во Цариград каде работев како берберин. Во това време се навога голем број на печалбари од нашите краеви т.е од Македонија при које кај нас се будеше свест за ослободуванје на својот крај од Турците кој што во това време му носеја тешкоти и терор на нашијот народ, со тоа нешто почнавне да одржаваме састанци за начинот како и како кесе ослободи нашијот народ од Турците, така со ваквото решеније и јас бев между останалите каде што бев решен макар и животот свој даго дам само како и на кој начин дасе ослободи нашијот народ од турската империја. Од друга страна не само што бев решен дасе борам туку бев и како организатор за прифаканје на поголем број луге кој што ке стана во борба против империјата. за тоа можеше да потврди другарот Мице Ристев Манчевски но истијот е умрен.
Во 1902 година се вратив од Цариград Турција и уште со моетп враканје почнав да работам за покретот за која цел и се вратив, така почнав дасе поврзувам со другари како од градот така исто и од околијата и преди да почни востанието јас стапив во тогавашните чети и тоа: Бев во Болнската чета на тој терен со војводата Ставре Тасев Ристевски од с. Болно кој што е умрен а за тоа нешто можат да потврдат другарите кој што се денес живи како: Ристе Нечовски сега признат илинденец, Петре Апостоловски, Никола Манчевски, Гоше Милевски, Ефтин Поповски и др.
Исто така бев кратко време сем во ова чета која што се движеше над с. Болно и во Јанкоската чета на село Јанкоец со војводата Петар Ингилизот од село Јнкоец сега умрен за које нешто имат кој што да потврдат. Во борбите во това време учествовав не теренот во с. Болно, с. Петрино, с. Крушје, Илино Ресенско, с. Смилево Битолско и др. така след учеството во борбите се вратив во Ресен кога прекрати востанието.
За горното можат да потврдат другарите кој што се денес Илинденци а ги имам горе наведено а повеке другарот Петре Апостоловски и Ристе Нечовски и двата од село Болно.
След враканјето ми од борбите кој што ги водевне во време на востанието се вратив во Ресен и до денес работам на занаетот како бербер-поради това што и ако сум стар неможам дасе издржавам.
Смрт на фашизмот ….. Слобода на Народот!
26 јуни 1951 година
Ресен