ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Митра Котева Анѓелеска (7)

    362

     

     

                                                 Б и о г р а ф и ј а
    Од Митра Котева Анђелеска од с.Мургашево, околија Демир Хисарска, родена сум 1881 година во с. Вардино околија Демир Хисарска, пред 1903 година пред ”Илинденското востаније, уште од тогај како жена Организаторка почнав да помагам на четата од Велко Марковски од Крушевскиот реон помагав како на перење алишта предавање на писма од село до село. Како такви бевне организатори со мојот маж Коте Анђелески. Од страна на војводата нас ни се наложи да направиме во нашата кућа една скривница. Ние војводата го послушавне и направивме скривница. Скривницата така добро беше направена и маскирана под земи за да можи да се излези од кућата дури до реката селска.

                Скривницата беше голема можеше да се скријат една цела чета од 25 до 30 души.
    После погинувањето на војводата Велко Марковски во с.Ракитница, во нашиот реон заступи за војвода Ванчо Џонето со 12. души четници и дојде во нашата кућа во тој момент некој шпиун е издал четата и нашата кућа беше сардисана од турскиот аскер-војници, али ја како свесна жена е отворив скривницата влегоја 12. души четници и така успејав да ги спасам четниците од смртта. Јас бев жена со мало дете од 3. дена, после претресувањето на селото не се најдеја четниците. След заминувањето на аскерот ја им отворив вратата на четниците и си заминаја в планина по каналот.
    После илинденското востаније се даде од турскиот цар-уриет да се соединат комитите со турците. После извесно време пак си почнаја турците со истото положение мачење на македонскиот народ. Четниците кога видоја дека не можат да опстанат поново образоваја свој чети и си почнаја со својата работа, така при мене носеја разни писма за да ги пренесам по околните села кадето имаше потреба, во това време мојот маж Коте побегна за Америка заједно со својот брат Даме пошто им претеше голема опасност од страна на турците.

                След заминувањето на мојот маж во Америка пак се враћа во нашата кућа четите и се предаваше потребниот материјал за да биде пренесен по другите села. Некој шпиуни дознале за скривницата и отишле во мудурницата во с.Прибилци и известиле дека во мојата кућа се најдува скривница за кријање на четници, власта чим за това дознала одмах наредила да се пронајди скривницата. Ноћта околу 12-1. сатот мојата кућа беше сардисана од страна на турскиот аскер и почнаја да туркаат зидиштата и да барат оружје и др. Јас како организаторка жена станав и што имав разни писма пошта за предавање ги изгорев само да не паднат во рацете на аскерот. Ако това како свесна организаторка него сторев ће настрадаја много фамилији. Приликом претресот само ми се најде едно тенеће со тутун намерено за четниците, това неможев да го спасам во таја брзина, во тој момент скривницата беше откријена и мене со две деца ме истераја во дворот гола и боса во снегот да стојам дури тије вршеја претрес а турските војници со ножојте на пушки  само ме мачеја да им кажам каде имат скријено оружје и др. материјали од четниците.

                После извршениот претрес мене со малкото дете ме одведија во с.Прибилци при мудурот така боса по снегот и тамо ме мачеја на разни маки за да је одадем четата каде се најдува ама јас со тврда вола това него сторив.
    Во мудурницата на с.Прибилци бев затворена во долапи мачена со разни маки 10-12. дена и распитувана  кој је направи скривницата, јас како свесна жена никого не издадов и ако знајев дека беше правена од страна на мојот маж Коте, и мајсторите  Илија Чачор и Стеван Црнески од с.Журче, за да им служи на четниците за случај во потреба. Мудурот кога виде дека ништо од мене неможи да открије нареди да бидам одведена во Битола во затворот викан Катилана одмах ме зедоја двајца војници ме врзаја и така врзана со детето ме одведоја во затворот катилана во Битола. По такво време јас изминав пат од с.Прибилци до Битола 35 км и така дури ноћта стигнавне во Битола и тамо ме турија во долапите и почнаја даме мача со разни и не чујени маки. След 5. месеци бев осудена на 3. години затвор. Мојот маж Коте кога дознал дека сум во затворот и дека сум осудена се враћа од Америка и сите пари што ги спечалил ги даде на турските валији за да не бидам испратена сургун во Дар-Бећир и така јас издржав 2-и пол години строг темничен затвор. После испуштањето со мажами живејевне во Битола, пошто поново ни претеше опасност да бидиме убијени заједно со мажотми Котета. Во ноември  1911 година ми го затвори ја и мажотми Котета за истата работа дека и тој помагал на четниците и така мажотми беше затворени 12-15. дена и Демир Усеиноски од с.Мургашево кога разбрал му зеде на мажотми 5. пет турски лири за да го пушти од затворот ние сакавне нећевне моравне да му дадеме 5. лири глоба. Со плаћањето на глобата мажотми Коте беше ослободен од затворот и така није не смејевне да останиме во Битола и зато по канал пребегавне во с.Крстор Битолско и тамо ја живејав при Спасе Карајоноски од с.Крстор а мажотми Коте побегна во четата на Блаже Крстев Биринчето.
    Нашиот соработинк Спасе Карајоноски и ден денес е жив и можи да посведочи дека кај него живејав се до пропађањето на турската империја 1912. год. се дури се ослободи македонскиот народ од турското ропство.

    15. Август 1951. год.
    с.Мургашево