ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од МАТЕ П.БОШКОСКИ, од Крушево(29)

    640

    ПРЕКУ ОПШТИНСКИОТ НАРОДЕН ОДБОР – КРУШЕВО
    ДО НАРОДНОТО СОБРАНИЕ – ОДБОР ЗА “ИЛИДЕНСКИ” С К О П Ј Е

                                    М О Л Б А   Б И О Г Р А Ф И Ј А

    Од МАТЕ П.БОШКОСКИ, од Крушево улица Благо Целе бр. 38 сега живушт во Прилеп, улица 9 септември број 39.
    Роден сум през 1875 год. во град Крушево, од работничка сиромашка фамилија.
    През 1895 год. имав едно дукјанче во Крушево и како таков одев на пазар во Битола, Кичево, Тетово и Солун и други места, благодарение на кое стекнав пријателство во сите тие градиште. Во Крушево пак имав врски со Димитрие Лапу и тој ме поврза во Битола со Скоевци а како едниот исто така и другите беа активни учесници во движението за ослободување на Македонија па со тоа и во припремите за ”ИЛИНДЕНСКОТО” востание, моето одење во сите градови движението го користеше за свои сврхи те не нивните налози јас после почнав по често да одам и ја вршам КУРИЕРСКАТА должност од едни месни организации во други такви и постанав доверена личност на организацијата.

    За секаква сигурност писмата кои ги носев се пишуваа на платно и така скриени во разни части од моето облекло ги пренесував несметано од едно место во друго. Подоцна бидејки постанав доверен човек на движението мојот дукјан постана склад за оружје и муниција на востаниците. Одеќји за Солун со Коста Херту од Крушево купував од Солун пушки 18 на број со 2-3 алки. Парите за купување на пушки и муниција беа собирани на доброволен начин од крушевчаните, а купените пушки ги пренесував јас лично, скриени на товарите помеѓу другите стоки за мојот дуќан. Пушките останаа при мене во дуќанот се до 1900 год. После почнав да купувам и пренесувам пушки од Кичево бидејќи таков задаток добив од организацијата во Крушево и купените пушки ги складирав во мојот дуќан, каде што беа и останалите.
    Јас не купував само пушки ами и барут и други работи потребни за востаниците. Така през 1900 год. купував куршуми за разни суми едниот од 2,5 гроша па се до 7,5 гроша едниот и тоа од турците во Тетово и Кичево кои ги складирав во Кичево кај фокион Пиха од када после ги земав јас лично и ги носев во Крушево.


    На една недела пред востанието во 1903 год. при мене во мојот дом дојде ПИТУ ГУЛИ, за да организира последните припреми за востанието и мојата куќа стана како главни штаб бидејќи тука дојода и сите војводи и ги правеа плановите за востанието, а јас им помагав со разни работи извршувајки ги нивните наредби. Ова не ми пречеше да ја оставам свадбата која ја правев за мене те место свадба се приготвуваше самото востание за кое ми велеше ПИТУ дека ке биди за ИЛИНДЕН, баш на неделата од моето венчание, но ми се жалеше да не треба да се вјаса дека востаниците немаат достатачно оружје. Тогаш се на се имаа востаниците 400 пушки грчки, 300 пушки тетовски мартинки и 18 малихерки, а требаше уште оружје да се собери па да се отпочне со востанието. Бидејќи е мојата куќа близу до коријата одлично послужи за состанците на востаниците и работата нивна како и за изнесување на разно оружје муниција и друго, а нарочно многу послужи за поврзување со останалите четници. Преди самиот ИЛИНДЕН ПИТУ пак дојде во Крушево со натоварени коњи со храна собрана од полето со брашно мас и другох за востаниците.

    После вечерата околу 18.30 саатот дојдоа четниците и тогаш турците тасидарите (порезниците) сувариите (коњаниците) се искрија низ разни кукји и дукјани. Преку нокјта од дукјанот го извадов оружјето и муницијата и го дадов на четниците и после кога го видоа дека е дукјанот отворен се скрија турците во него и кога приметив дека има во него турци тогаш јас една канта со газија ја истурив на дукјанот и го запалив каде останаа изгорени турците. После таа работа по наредба на востаниците отидов во кафето на Дину Вангел со други другари го запалив дукјанот дека во истиот се крија исто така турци. После тоа јас оргинизирав прибирање на железо, пари, храна и др. за леење на мунција на четниците и за нивната исхрана. На таков начин се собраа 4.800 – златни лири и наполеони кои пари ги зеде ТОМЕ НИКЛЕ И НИКОЛА КАРЕВ. Кога замина ПИТУ ГУЛИ за Мечкин Камен останалите војводи со своите четници си заминаа по своите правци и тогаш се најдов со Гјурчин Војвода кој застана на калето и прв ги дочека турците од поле.
    После неуспехот на востанието мене ме зедоа уште со 12 души крушевчани во Битола и ме фрлија во занданите каде останав 3 месеци малтретиран во водени долапи од каде не спремаа на заточение на 101 година во злогласната темница Деар-Бекир-Мала Азија. Но нашите востаници и луѓе влагоа во врска со Рускиот консул и на негова интервенција бевме пуштени заедно со нас беше и Глигур Прдишикла. Рускиот консул ни одржа предавање како треба и понатаму да работиме за револуцијата и на илегален начин да ја продолжиме востаничката работа, нагласувајки ни да се некако приближиме до турските спахии и така неометани со ”доверие” да работиме за востанието. Тогаш јас влегов во врска со Акиф Ага од село Прибилци благодарение на кое пријателство си овозможив да префрлувам за востаниците опинци, храна, лекови и друго, како што беше случајот на Христе Матев кога го лекував и негував 3 месеци дури се опорави и си замина давајки му врска и луѓе.
    Децата од ПИТУ ГУЛЕ ги хранев и потпомагав бидејки останаа гладни и без никој да се грижи за ним и така тие поминаа покрај моите деца и фамилија.
    Во 1908 год. пак јас имав складирано оружје и мунихија али бев откривен и дојдоа турците во мојата куќа извршија претресе, али оружјето мојата мајка го скри и не сакаше да го открие, поради кое беше тегана и мачена порани кое доби смртна болест и наскоро умре.
    Ваква беше мојата дејност за целото време од 1895 година на се до Балканската војна.
    Сите овие мои наводи ќе ги потврдат двајца од преживелите борци ”ИЛИНДЕНЦИ” и тоа ВАНЧУ К.АНДРЕ и ПЕТРА ПАРЕ од Крушево, зошто го молам Општинскиот народен одбор да ги повика и саслуша и оваа моја молба со нивните искази ја достави до Народното Собрание одбор за ”ИЛИНДЕНСКИ” пензии кого пак молам да ми одреди ”ИЛИНДЕНСКА” пензија бидејќи сметам дека ја заслужувам потполно, како борец ИЛИНДЕНЦИ, а имајки во предвид и моето социјално положение.
    Крушево, 17 април 1953 год.