ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Крстеска Вета Николова (32)

    653

                                                  Б И О Г Р А Ф И Ј А

    Од Крстеска Вета Николова, од гр. Крушево, ул. Киро Фетакот 32, стара на 82 години.
    Јас, потекнувам од гратска сиромашна фамилија, през младите години бев останата сирачка и по тије причини бев принудена за да се омажам за некој си Стојко од с. Д. Дивјаци, али прибидејки тој замина на почалба во Романија и појке не се врати, и ме остави со едно машко дете, али прибидејки јас немав издржаванје бев принудена за да се омажам и така се омажив за покојниот ми маж Крстески Никола – Биринец.


    После мојето маженје за Никола по кратко време дознав дека пок. ми маж беше поврзан до тогашниот Комитет пошто братму на пок. ми маж БЛАЖЕ БИРИНЧЕТО беше прогласен за војвода во Крушевската Околија, и по тие причини и јас се сврзав со таја Македонска организација, и работев деноношно за ослободуванјето на Македонија и Македонскиот народ и това од 1905 па се до 1912 год. до ослободуванјето т.ј. до првата светска војна.
    Во истото време кога работев во организацијата, јас лично криев во мојата кукија кумити-револуционари, некој болни ги лекував и по излекуванјето пак ги испракијав во четите, јас ги ранев, перев као и све што беше потребно ги снабевав, а тије беја овије: Гиоре Рало, Методија Стојчаски, Ташку Влаот, кој седе седум дена болен, Гиорги Н. од с. Крушани, као и много други лица од организацијата, али после извесно време бевме приметени од страна на Турската власт, и целата наша фамилија беше затворена и испратена во Битолската апсана и задржани 3 месеци затворени. Поради горе наведените причини и признатите услуги мојот пок. маж Никола Пројкоски-Биринец беше предложен и као заслужен примаше понзија до 1-ЏИ-1952 год. до неговата смрт.
    За горе наведените работи, можат да посведочат Ристе Димитриевски и Томе Журчаноски и двата од Гр. Крушево.

    Крушево 3. ИИИ. 1953 г.