ЕКСКЛУЗИВНО ВО ВЕЧЕР: Фељтон „ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА”- до сега необјавени животни приказни и страдања на илинденците !

    532

    ВЕЧЕР, од понеделник 4 декември, па секој следен понеделник ексклузивно ќе ви пренесе дел од сведоштвата кои записничарите на минатото ги открија во државните архиви.Повеќето од обичните учесници во Илинденското востание биле неписмени или полуписмени. Затоа дел од нивните животни прикази се запишани од нивните зборови и се заверени со притискање на прст. Тие кои ги пишувале сами свои биографии ги фиксирале сите говорни особини.

     

     

    “Илинденски сведоштва” се девет книги класифицирани во пет тома и испечатени од Архивот на Македонија во периодот 2016-2017, потпишани од реномираните историчари Јасмина Дамјановска, Ленина Жила, Филип Петровски.

    Тоа се автентични документи од повеќе од 3.000 учесници во Илинденското востание, кои аплицирале за илинденски пензии според законот за илинденски пензии кој бил донесен во 1946 година. Животни приказни на луѓето кои учествувале во востанието, на луѓето кои поминале низ војните – балканските, светските. Приказни полни со сето она што го сочинува животот на обичниот човек – страдања, борба за опстанок, но и приказни за тоа што го сочинува човек – чест, достоинство, сочувство, волја за слобода.

    Повеќето од обичните учесници во Илинденското востание биле неписмени или полуписмени. Затоа дел од нивните животни прикази се запишани од нивните зборови и се заверени со притискање на прст. Тие кои ги пишувале сами свои биографии ги фиксирале сите говорни особини.

    ВЕЧЕР, од понеделник 4 декември, па секој следен понеделник ексклузивно ќе ви пренесе дел од сведоштвата кои записничарите на минатото ги открија во државните архиви.

    Нобеловецот Бертран Расел (1872-1970) филозоф, математичар, во својот “Филозофски речник на разумот, материјата, моралот” внесол одредница “Историја, обичните луѓе во историја”. Во таа одредница тој истакна: “Ние најнапред треба да памтиме дека во секоја епоха мнозинството го сочинуваат обичните луѓе кои повеќе се грижат за насушен леб, отколку за високите цели”.

     

    Во историјата и во политиката обичните луѓе биле и се уште остануваат “народ”, “маса”, “толпа”, “топовско месо”, “гласачко тело”…

    И додека е тоа така, додека секоја личност не дојде до израз, нема да се случи демократизацијата на општество која подразбира градење на односи врз заемна почит, а не врз господство и потчинување.

    Затоа во втората половина на 20 век во сфера на историската наука се појавија такви дисциплини како историска антропологија, усна историја, историска демографија и историјата на секојдневието. Со други зборови, историјата почнала да се “очовечува#.

    На пример, предмет на историјата на секојдневието е “детално историско опишување на згрижени и сиромашни, на сити и гладни, на раздор и соработка помеѓу луѓе, а исто така на нивни душевни доживувања, спомени, љубов и омраза, а исто така на надежи врзани за иднина”; “централни во анализа на секојдневието се животните проблеми на тие кои скоро останаа безимени во историјата” (А. Људтке – германски историчар).

    Но тој тренд во историската наука скоро ја заобиколил Република Македонија. Со мали исклучоци македонската историска наука е свртена кон настани и кон “хероите”. А тоа е еден од индикаторите на состојбите во општество, на односот кон личност, кон индувидуа.

    Да се сврти вниманието на историчарите кон неопходноста на проучувањето на обичниот човек беше главната задача на проектот на Државен архив на Република Македонија за публикување на факсимилни документи во “Илинденски сведоштва”.