ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : од Илинка Божинова Гојдароска (19)

    440

     

    Преку Околискиjот народен одбор
    Претседателство
    Кичево
    До Одборот за доделуванје на Илинден.пенз.
    При Призидијумот на НАРСНРМ
                                          гр. СКОПЈЕ.

    Молба:
                 Од Илинка Божинова Гојдароска
                 од с.Козица, околија кичевска.
                 да и се додели илинден. пензија.

    Долупотписаната Илинка Божинова Гојдароска, од с.Козица, околија кичевска, родена сум 1874 година и сега сум вдоица, бев како активен борец и учесник во национално-револуционерното движение за ослободуванјето на македонскијот народ през периодот 1893-1908 година и моето участие во револуционерното движение се сатоит во следното:
    Уште преди Илинденското востание ја бев како член на местнијот комитет на револуционерната организација, а пред востанието 1903 година стапив како борец во четата на војводата Јордан Пиперкоски. Зедов активно участие во борбата на планина ”Гјургјца”- Кичевско и постојано бев како куриер за да е снабдева четата се пушти и муниција-фишеци. Во четата носев машко име ”Илија”. И после востанието ја работев во позадинската служба и лекував ранети четници, како и друга позадинска служба.
    За се ова поднесувам и уверение издадено од двајца свидетели.
    Бидејки сега сум во тешко материјално положение и немам средства за живот, мола да ми се додели илинденска пензийа.
    По законот за Илинденските пензи ослободен сум од такса.
    Смрт на фашизмот – слобода на народот.

    22-IV-1950год.
    Кичево