ФЕЉТОН: ИЛИНДЕНСКИ СВЕДОШТВА : Од Горги Павлов Лазаров (33)

    255

    БИОГРАФИЙА

    Од Горги Павлов Лазаров од с. Кнежево Околийа Кумановска

                Роден сум во 1868 год. во с. Кнежево, околийа Кумановска. Произлегувам од бедна селска фамилийа койа се занимава со правенйе на кйумур бидейки е нашиот край много пасивен и планински каде единствено може да се оди со конй. Учествував во движението на ВМРО а за ослободуванйе на Македонийа од турско ропство и бев мегйу найактивните селйани од нашето село почнувайки од 1900 па све до 1912 год.

                Во таа работа секой пат кога ми е поставувано йас поставените задачи сум ги точно и на време извршавал како би по той начин помогнал на движенйето за ослободуванйе на Македонийа и на Македонскиот народ.

                За прв пат йас стапив во организацийата 1900 год. Тогава дойде во нашето село првиот организатор на нашиот терен, учителот од Кратово Стоил Антов и во селото одржа конференцийа на койа зборуваше за организацийата како и тоа дека и ние требе да се организираме за борба против Турците.

                Тука учителот изврши избор на раководството па мегйу другите йас бев избран курир.

                Сите ние пред учителот Стоилета положивме клетва за верност и дека ке се бориме за ослободуванйето на Македонийа и Македонскиот народ.

                Од тогаш па се до 1912 год. йас работех како куриер во организацийата и помегйу другото, првенствено ми беше задача да носам и донасам пошта за разни лица и разни места, да пречекувам и преведувам чети на разни терени и да минавам границата и од там да доставувам оражие за потребите на востанието.

                Пренесеното оружйе го чувавме во магацини койи ги направивме во нашето село а од койи магацини после оружйето се делеше за сите крайишта на Македонийа.

                Во 1904 год. войводата Атанас Бабата ми даде налог да го одведам во Кратово окружниот войвода Ефрем Чучков. Тогава йас ги натоварив конйите со кйумур, Чучкова го облеков во селски дрехи и во сред бел ден тргнавме во Кратово каде не пречека другарот Васил Алексов од град Кратово кой и денес е жив и е Илинденец, отидовме во една кукйа каде Чучков ги соблече селските дрехи и йас го оставив кйумурот.

                Во 1905 год. во нашето село се одржа конгресот каде учествуваа сите войводи со свойте чети од Македонийа а имаше и делегати од разни околии. На мене како курир ми беше поставено да се бринем за смештай на пристигнатите чети, за прибиранйе на храна за потребите на четите како и преведуванйе на разни чети.

                За сето време йас беспрекорно работев за делото на Македонскиот народ а за ослободуванйе од Турското ропство.

    Да се мойте наводи точни и верни можат да посведочат лицата Йане Ф. Йакимов и Ангел Симонов и двайцата од с. Кнежево бидейки и они йас соработувах со нив и ме знайат.

    21.В.1955