Португалскиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш Челзи, Жоао Феликс, до крајот од актуелната сезона ќе настапува како позајмен фудбалер во дресот на италијанскиот калчо гигант Милан. Седумкратниот европски клупски шампион ќе одвои околу 5 мил. евра за позајмицата и ќе нема право да преговара за откуп на неговиот договор.