Фејсбук го подобри споделувањето фотографии преку Месинџер

64
Фото: pexels.com

Компанијата Мета, сопственик на социјалната мрежа Фејсбук, објави дека го подобрила споделувањето фотографии преку апликацијата Messenger во HD квалитет.

Уште во 2017 година, Фејсбук воведе испраќање фотографии во 4K резолуција (4.096 на 4.096 пиксели по инч), но претставникот на тимот за комуникација на Messenger, Лиз Свини, рече дека фотографиите тогаш биле компресирани, а нивниот изглед „зависел од мрежните услови на испраќачот и примачот“.

Свини изјави за технолошкиот портал Verge дека фотографиите повеќе нема да бидат толку компресирани, а корисниците ќе имаат достапна нова команда „HD“ која овозможува споделување на слики во 4K резолуција.

Месинџер исто така ќе им овозможи на корисниците да споделуваат датотеки до 100 мегабајти (MB), во однос на претходната граница од 25 MB.

Проширувањето на капацитетот ќе го олесни споделувањето на пократки видеа преку Messenger, бидејќи корисниците нема да мора да ги делат на помали делови пред да ги испратат.

Мета исто така соопшти дека воведува нова функција за споделување албуми која ќе им овозможи на корисниците да собираат фотографии или видеа од споделени настани како што се групни патувања