Само легендарниот фестивал на италијанската канцона “Сан Ремо“ и “Песна на Евровизија“ се фестивалите кои се уште привлекуваат огромно внимание на публиката во Европа, а и подалеку во неколку земји во ширум светот. Овогодинешното 75-издание на “Сан Ремо“ кој по годините остаре, но со песните остана млад и интересен, донесе грст нови потенцијални хитови за кои сме убедени дека навистина ќе излезат од границите на Италија.
Убедливо победи пејачот Оливиери или нагалено наречен како Оли со интересна песна „Balorda Nostalgia“, откако гласовите на новинарското жири, радио жирито и телевизиското гласање од првите три вечери се спојија со гласовите во Големото финале. Победникот е роден на 5 мај 2001 година во Џенова како Федерико Оливиери, од татко адвокат и мајка судијка.
Лусио Корси е втор, а Брунори Сас освои трето место. Со победата на “Сан Ремо 2025“ распеаниот Оли се стекна со правото да ја представува Италија на “Песна на Евровизија 2025“ во мај месец во Швајцарија. На гламурозната сцена на Театарот “Аристон“, Оли покрај победничката песна настапи и со песната „Il Pescatore“ напишана од некогашната италијанска музичка ѕвезда Фабрицио Де Андре. Така да се на се, Оли имаше феноменален настап.
Кон сето тоа на победникот му се придружи и мега музичката ѕвезда (од овие нашите Балкански простори) музичкиот Господин Горан Бреговиќ. Италијанецот Оли беше понесен од заносот на трубите кои на Италијаните им ја пренесоа магијата на тој инструмент од Драгачево (малото место во централна Србија, каде секое лето се одржува светски познатиот музички фестивал “Драгачевски сабор“). Па, така во еден момент Оли се качи на столчето кое стоеше на сцената обидувајќи се да заигра балкански чочек.
Цело време придржуван од добро познатиот “Оркестар за свадби и погреби“ во кој своја длабока трага има оставено и нашата Скопјанка, славната пејачка Васка Јанковска кога ја испеа за сите времиња легендарната песна “Едерлези“(или во преводот “Ѓурѓевдан“).
Италијанската публика поодамна е запознаена со Бреговиќ, за него се знаат, дури и за неговата приватност. Тој често настапува во земјата на канцоната. Но таму со сосема поинаква музика, која е успешна комбинација на словенските, ромските и православните музички традиции со елементи на рок и електроника. А, тоа очигледно многу им се допаѓа на пребирливите Италијани. Д.М. фото:архива-ФБ/Инстаграм