epa10202791 Team Europe player Roger Federer (L) of Switzerland sitting next to doubles partner Rafael Nadal of Spain after losing their match against Team World double Jack Sock of the US and Frances Tiafoe of the US on the first day of the Laver Cup tennis tournament in London, Britain, 23 September 2022. The match was Federer's last game before retirement. EPA-EFE/ANDY RAIN

Еден од најдобрите тенисери на сите времиња, Швајцарецот Роже Федерер (43) му оддаде почит на својот голем ривал, Шпанецот Рафаел Надал (38), кој влегува во последната недела од својата импресивна кариера.

Надал е дел од шпанската репрезентација која неделава игра на завршниот Дејвис куп турнир во Малага, по што Надал ќе се пензионира. Пред точно 20 години Надал дебитираше во Дејвис купот, четири пати го освојуваше ова натпреварување со Шпанија, а сега ќе се обиде да го направи тоа по петти пат.

Во објава на социјалните мрежи, Федерер истакна дека Надал „го предизвикувал како ниеден играч“ за време на блескавата кариера која траела повеќе од две децении.

„Да почнеме со очигледното, многу пати ме победуваше. Повеќе отколку јас тебе. Ме предизвика на начин на кој никој друг не можеше“, напиша Федерер за Надал, кој 24 пати го победи Швајцарецот.

„На теренот се чувствував како да зачекорив во твојот двор. Ме натера да работам понапорно отколку што мислев дека можам. Дури отидов дотаму што ја сменив големината на главата на рекетот, надевајќи се на каква било предност“, додаде тој.

Федерер, кој има освоено 20 грен-слем титули, се пошегува со лудории на Надал на теренот.

„Јас не сум многу суеверна личност, но ти го подигна на следното ниво. Сите тие ритуали, средување на косата, местење долна облека… сето тоа со најголем интензитет. Тајно, некако ми се допадна целата работа. Беше толку уникатно, ти беше таков и знаеш што, Рафа, поради тебе уживав во играта“.

Надал беше со Федерер на збогувањето на швајцарскиот великан кога играа двојки за Тим Европа на Лејвер купот во 2022 година.

„Многу ми значеше тоа што си со мене, не како мој ривал, туку како мој партнер во пар. Споделувањето на теренот со тебе и споделувањето на тие солзи засекогаш ќе биде еден од најпосебните моменти во мојата кариера“, изјави Федерер.

 

ИЗДВОЕНИ