Поранешниот швајцарски тенисер Роже Федерер му должи извинување на Шпанецот Карлос Алкараз, за еден потег на Вимблдон, за време на неговата успешна кариера.

Федерер денеска жали, што го потврди на прес-конференцијата на Лејвер купот во 2024 година и призна дека пред неколку години одбил да се загрее со Карлос Алкараз пред еден од неговите натпревари. Тоа беше на еден Вимблдон, кога Алкараз сè уште беше јуниор.

Тренерот на Роже му понудил на Федерер да се загрее со Шпанецот, но тој одбил.

„Следниот ден тренерот ми рече: „Дали се уште сакаш да се загреваш со него денес, а јас реков: „Не, добро е, повеќе сакам да се загревам со мојот тренер, кој беше од мојата генерација, Хуан Карлос Фереро? Можам да му се извинам на Карлос оваа недела за тоа“, изајви Федерер.