Веќе со години трае дебатата за тоа кој е најдобриот и најкомплетниот тенисер на сите времиња, а сега своја констатација даде и поранешниот британски играч во „белиот спорт“, Тим Хенман.

Иако имаше можност да игра против сите од „големата четворка“ – Роже Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, Хенман верува дека одговорот варира во зависност од поставеното прашање.

  • Најмногу играв со Федерер и чувствував дека тој ја има најкомплетната игра. Тој може да игра на која било подлога, имаше многу малку слабости и немаше одредено поле каде ќе можете да го нападнете, истакна Хенман, јасно ставајќи го Швајцарецот пред останатите кога станува збор за комплетниот стил на игра.

Меѓутоа, кога станува збор за статусот најдобар во историјата, Британецот признава дека Ѓоковиќ е далеку пред сите.

  • Само еднаш играв против Ѓоковиќ кога беше млад, мислам дека имаше 18, 19 години и неговата игра се развиваше во тоа време. Тој не сервираше многу добро, но беше неверојатно да се гледаат неговите натпревари како се развива низ годините, додаде Британецот.

На крајот, иако Федерер е најкомплетен за него, Хенман нема дилема кој е најдобар на сите времиња.

  • Значи, за мене Федерер беше најкомплетниот играч против кој сум играл, но за мене Ѓоковиќ е најдобриот играч на сите времиња, заклучи британскиот тенисер.

ИЗДВОЕНИ