Агенти на ФБИ, вчера извршиле рација во станот на извршниот директор на Полимаркет, Шејн Коплан во центарот на Њујорк, при што му го одзеле телефонот и другите електронски уреди, потврди компанијата. Утринската рација во станот на Коплан во Њујорк следува по минатонеделните претседателски избори, на кои корисниците на Полимаркет, децентрализирана платформа за предвидување која им овозможува на корисниците да се обложуваат на исходот на настаните во реалниот свет, вклучително и изборите, користејќи криптовалути, со недели силно се обложуваа за победата на Доналд Трамп. Шансите на Полимаркет за Трамп беа значително повисоки од оние за Камала Харис и со тоа доста отстапија од предвидувањата на анкетите.
Агенти на ФБИ го разбудиле Коплан, 26-годишниот основач на „Полимаркет“, во 6 часот наутро барајќи да ги предаде своите електронски уреди. Како што објави синоќа „Блумберг“, повикувајќи се на извори од Министерството за правда, „Полимаркет“ е под истрага за наводно дозволување на корисниците кои живеат во САД да се обложуваат на страницата.
„Ова е одмазда на администрацијата во заминување“
„Полимаркет“ одби да ги коментира наводите, но портпаролот рече дека рацијата на ФБИ била јасна политичка одмазда на администрацијата во заминување против „Полимаркет“ бидејќи осигури пазар кој точно ги предвидел претседателските избори во 2024 година.
Од компанијата изјавија за Ројтерс дека Коплан не бил уапсен или приведен. ФБИ одби да коментира за рацијата, а Министерството за правда и Белата куќа не одговориле на прашањата на Ројтерс.
„Полимаркет“, кој не дозволува обложување во САД, го привлече вниманието откако мистериозен француски трговец стави голем облог за победа на Трамп на изборите, за на крајот да заработи повеќе од 46 милиони долари.
Французин се обложил на победа на Трамп – и заработил одлично!