Директорот на ФБИ, Кеш Пател, изјави денеска дека агентите на ФБИ ја уапсиле Хана Дуган, окружна судијка во Милвоки, Висконсин, под обвинение за попречување на политиката за имиграција на САД.
“ФБИ ја уапси судијката Хана Дуган од Милвоки, Висконсин, под обвинение за опструкција – по доказите дека судијата Дуган попречувала операција за апсење на имиграцијата минатата недела. Таа е осомничена дека намерно им го одвлекувала вниманието на федералните агенти од имигрант кој го гонат федералните власти”, напиша Пател на платформата X.
Тој објасни дека станува збор за мексиканскиот имигрант Едуардо Флорес Руиз, кој во меѓувреме е уапсен и е во притвор.