Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) треба да утврди дали нападот во Њу Орлеанс на 1 јануари бил инспириран или планиран од Исламската држава (ИСИС), изјави експертот за безбедност од Азиско-пацифичката фондација Сајјан М.Гоел.
Тој потсети дека во минатото имало неколку напади со возила извршени од припадници на ИСИС. Гоел оцени дека нападот бил добро испланиран.
Бројот на загинатите во вчерашниот напад во Њу Орлеанс се зголеми на 15, а најмалку 35 лица се повредени, јави денеска Си-Ен-Ен.
Американскиот државјанин Шамсуд Дин Бахар Џабар (42) е осомничен дека со својот пик-ап влетал во толпа луѓе на улица и убивал минувачи.
Тој беше убиен во пресметка со полицијата вчера околу 03:15 часот по локално време, во дел од Њу Орлеанс каде се одржуваа неколку новогодишни прослави.
ФБИ соопшти дека во неговото возило било пронајдено знаме на Исламската држава.
Откако возилото застанало, возачот излегол од возилото и отворил оган врз полицајците кои реагирале, соопшти полицијата на Њу Орлеанс.