Поранешниот учесник на Зимските олимписки игри и претставник на Канада, Рајан Џејмс Вединг, е обвинет за организирање „круг за дилање дрога“, кој превезувал големи количества кокаин во Соединетите Американски Држави и учествувал во убиства на дури четири лица.

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ), издаде налог по него и нуди награда од 50.000 долари за информација, што ќе доведе до негово апсење и екстрадиција во САД.

Вединг е Канаѓанец, живее во Мексико, има 43 години и важи за бегалец. Тој ја претставуваше Канада на Зимските олимписки игри 2002 година во сноуборд. Во САД тој е обвинет за „злосторнички потфат, убиство, заговор за дистрибуција на кокаин и други злосторства“, се вели во соопштението на американското обвинителство.

Наведено е дека поранешниот олимпиец и неговата група организирале големи пратки кокаин од Колумбија, преку Мексико и Калифорнија, до Канада и други градови во САД. За таа цел користеле камиони кои возеле долги релации. Вединг е обвинет дека е еден од 16-те лица кои внесувале по 60 тони кокаин во Канада годишно.

-Тој избра да биде голем дилер на дрога и да биде убиец, истакна Мартин Естрада, американски адвокат во Калифорнија.