Фатени на дело: Приведени двајца крадци во демирхисарско

46

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар вчера во демирхисарското село Железнец ги лишиле од слобода О.М.(30) и Е.Ш.(36), двајцата од Прилеп откако ги затекнале при вршење тешка кражба.

– Тие биле затекнати при извршување на „тешка кражба“ во каменолом во атар на с.Железнец.

За настанот бил известен јавен обвинител, а од нив биле одземени предмети поврзани со кривичното дело, информираат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на настанот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.